Седум лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди индонезиската провинција Источна Јава. Покрај човечките жртви, земјотресот и нанесе голема материјална штета на оваа покраина. Оштетени неколку стотици згради во повеќе градови, објави агенцијата за вонредни состојби.
M 6.0 earthquake indonesia, [ 10.04.2021 ] Big strike near java pic.twitter.com/UU0s8Obz5S
— (worldwide news of infotainment) (@NewsOfInfoten) April 10, 2021
Земјотресот, кој ја погоди областа околу 14 часот по локално време, беше почувствуван во целата провинција, во која живеат околу 40,7 милиони луѓе, но и во соседните провинции, вклучувајќи го островот Бали.