73 нови хоспитализирани во Скопје, во ковид центрите се лекуваат 1687 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 73 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 687 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1687 и во ковид центрите има околу 340 празни болнички кревети информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 26 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 16 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови болни и 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина не се примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 40 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1000 пациенти.

Во Битола се хоспитализирани 134 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 75 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 129 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26 во Кичево 34, Кавадарци 68, а во Гевгелија 21 лице.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски