Заев изрази сочувство до Бакингемската палата за смртта на принцот Филип

Од:

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук изрази сочувство по повод смртта на принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина денеска.

– Во име на сите граѓани и во име на Владата на Република Северна Македонија, изразувам длабоко сочувство до Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II, нејзиното семејство и граѓаните на Обединетото Кралство за смртта на Неговото Височество, Принцот Филип, Војвода од Единбург, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора почина денеска на 99-годишна возраст и тоа го објави кралското семејство на нивниот официјален профил на Твитер.

Војводата од Единбург минатиот месец беше подложен на операција на срцето. Тој требаше да наполни 100 години во јуни.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: Британската морнарица нема доволно сили за евентуален конфликт со Русија

Нетанјаху го навреди Лондон за да му се закани на Техеран: „Британија е првата Исламска Република со нуклеарно оружје“

Шкотскиот парламент повторно бара референдум за независност

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Британските разузнавачи тврдат: Од почетокот на инвазијата на Украина загинаа 500.000 Руси

Британско радио по грешкa објави дека почина кралот Чарлс III