Обама и Путин спротивставени за Сирија

Од:

Лидерите на Г8 сакаат решение на војната во Сирија и покрај тоа што американскиот и рускиот претседател, Барак Обама и Владимир Путин имаат спротивни ставови која страна заслужува воена поддршка.

Во денешната заедничка изјава на Г8 за Сирија се наведува дека САД ќе остане посветена на неодамнешната одлука на Обама да им даде оружје на бунтовниците, додека Москва не се откажа од продажбата на оружје на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

И покрај тоа што Обама пронајде заеднички јазик со европските сојузници против Путин на Г8 Самитот во Северна Ирска, американскиот претседател се бори да убеди некој од своите сојузници да му се придружи во испорака на оружјето на сириската опозиција.

Сирија е еден од нерешените прашања на Г8, каде што се собраа лидерите на осумте најсилни светски економии, за да ги разгледаат прашањата за трговија, даноци и други надворешнополитички предизвици.

Домаќинот на собирот, британскиот премиер Дејвид Камерон на Самитот ги повика лидерите на Либија и Африканската унија да им се приклучат на лидерите на Британија, САД, Јапонија, Франција, Германија, Италија, Канада и Русија на последниот ден на собирот и заедно да разгледаат како да го спречат киднапирањето на странските работниците во Северна Африка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво