Падот на авионот во кој во март 1968 година загина првиот човек кој полета во Вселената, Јуриј Гагарин, е предизвикан од друг воен авион, тврди поранешниот советски космонаут Алексеј Леонов.
Во интервјуза сателетската телвизиска станица Раша Тудеј, Леонов открива дека друг авион од типот „Сухој“ неочекувано се нашол премногу блиску до „МиГ-от 15“ во кои биле Гагарин и неговиот инструктор по летање Владимир Серјогин.
Според објаснувањето на Леонов, премногу блискиот контакт на двата авиона предизвикал нагло и забрзано вртење на МиГ-от на Гагарин, кој со брзината од 750 километри на час не можел да се извлече од ситуацијата во која се нашол, предизвикувајки негово паѓање во близината на Новосело, околу 90 километри од Москва.
Смртта на Гагарин долго време беше обвиена со тајност, што остави простор за бројни нагаѓања и за правење теории за заговор. Една од овие теории тврди дека Гагарин бил убиен, откако паднал во „немилост кај тогашното советско раководство“.
Официјалната истрага на една комисија во која бил и Леонов, заклучила дека Гагарин загинал како последица на блискиот контакт на неговиот авион со непознат објект, „веројатно јато гуски или балон наполнет со топол воздух“.
Сега Леонов вели дека таквата верзија може да им се понуди на обичните луѓе, но не и на професионалци, па открива дека авионот „Сухој“ непрописно се искачил до висината до каде не смеело да лета, иако се знаело за тестовите на Сухојот закажани истиот ден.
Леонов вели дека тој ден бил во областа на инцидентот, летајќи во еден хеликоптер и слушнал две експолозии по падот на двата авиони.
Алексеј Леонов во 1965 година беше првиот космонаут кој шеташе во Вселената.