Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваните амбасадори на Бангладеш, ОАЕ и Индонезија

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видео-врска со новоименуваните амбасадори на Бангладеш, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија во земјава, по повод предавањето на акредитивните писма, кои поради пандемијата на Ковид-19, ги доставија по писмен пат.

– Во разговорот со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Бангладеш, Мд. Дауд Али, претседателот Пендаровски упати честитки по повод 50 годишнината од независноста на Бангладеш и посочи дека и покрај географската оддалеченост двете земји негуваат традиционално пријателски односи. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е подготвена за интензивирање и јакнење на соработката со сите земји од Јужна Азија во областите од взаемна корист и интерес, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати, Омар Обаид Мохамед Алхесан Алшамси, пак, претседателот Пендаровски му посочи дека инвестициските проекти на ОАЕ во регионот позитивно влијаат на економскиот раст и изрази благодарност за помошта од ОАЕ во справување со пандемијата на Ковид-19.

– Како партнерска земја на НАТО, претседателот Пендаровски изрази подготвеност за унапредување на соработката во сферата на безбедноста со Обединетите Арапски Емирати и ја поздрави нивната конструктивна улога во обезбедувањето на стабилноста на Блискиот Исток. Во годината кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи, соговорниците изразија очекување дека одличното ниво на дијалог ќе продолжи со иста динамика и во иднина, рекол претседателот Пендаровски.

Во разговорот со новоименуваниот амбасадор на Индонезија, Иван Богананта, претседателот Пендаровски изрази задоволство од билатералните односи засновани на меѓусебно разбирање и пријателство, како и интерес за натамошен развој на политичкиот дијалог и унапредување на економската соработка преку инвестициските можности.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска