ВМРО-ДПМНЕ: 4.100 жртви од коронавирусот одат на совеста на Заев и Филипче

Од:

„За овчарот Златко Божиновски немаше амбулантно возило за да му се спаси живот, но за забава на Зоран Заев и Венко Филипче имаше хеликоптер?!Доколку имаше хеликоптер и Божиновски на време ќе беше пренесен во здравствена установа и наверојатно ќе беше жив.

Институциите и функционерите целосно незаинтересирани си ја префрлаат вината, одговорност за нив не постои. И за смртта на овчарот Божиновски на крајот виновни ќе бидат службеници во институциите, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава ќе биде амнестирана“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„4.100 жртви од коронавирусот одат на совеста на Заев и Филипче.

Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека дека треба да заминат од функциите по што ќе одговараат? Крвави се нивните раце и треба да одговараат за смртта и погромот во Македонија.

Забеганоста на Заев, Филипче, како и таа на Николовски Путерот кој среде пандемија замина на одмор во Дубаи, а Рашкоски во Мексиско треба и ќе биде казнета. Мафија е кога во државата за рекет, за легални пасоши со лажен идентитет на нарко – босови одговораат службеници, а не главните криминалци сместени во политички фотелји. Мафијата мора да се соочи со одговорност.

Само така граѓаните ќе се спасат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ