Џонсон загрижен поради ескалацијата на насилството во западен Белфаст

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа изрази длабока загриженост по сцените на насилство во Северна Ирска, каде група млади луѓе во пробританската област на Белфаст насилно одзедоа и запалија автобус и ја нападнаа полицијата со камења.

Делови од Северна Ирска се соочија со шестата последователна ноќ на насилство откако унионистите и националистите се судрија со полицијата, но и едни со други, јави Си Ен Ен.

Џонсон на Твитер напиша дека е особено загрижен за нападот врз полициската служба во Северна Ирска, возачот на автобусот и нападнатиот новинар од „Белфаст телеграф“.

„Начинот да се надминат разликите е дијалог, а не насилство или криминал“, оцени Џонсон.

Група млади луѓе во пробританското подрачје на Белфаст запалија киднапиран автобус и ја каменуваа полицијата во последната од низата насилни акции што започнаа минатата недела во Северна Ирска.

Десетици полицајци беа повредени во ноќното насилство, кое вклучуваше палење автомобили и фрлање молотови коктели кон полицијата.

Насилството доаѓа во време на зголемена загриженост кај многумина во про-британската унионистичка заедница во врска со новите трговски бариери помеѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија како резултат на излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Пробританската Демократска унионистичка партија (ДУП) укажа на минатогодишната полициска одлука да не ги гони ирските националисти од Шин Фејн за присуството на погреб, со што ги прекршија антипандемиските мерки

Шин Фејн, за возврат, го обвини ДУП за поттикнување на тензиите со своето одлучно противење за новите трговски аранжмани и со повикот за оставка на на шефот на полицијата во регионот.

Насилството се случи во Западен Белфаст, во близина на таканаречениот „мировен ѕид“ што ја одделува заедницата од ирското националистичко упориште Фалс Роуд, каде што се собираа и групи млади луѓе.

Беа изградени ѕидови и огради меѓу двете заедници за да се спречат судири за време на три децении насилство во Северна Ирска, кои во голема мера завршија со мировниот договор од 1998 година.

И лидерите на најголемите политички партии во Северна Ирска, Шин Фејн и ДУП, го осудија насилството, особено киднапирањето автобус и нападот врз фоторепортерот на Белфаст телеграф.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски