Министерство за транспорт: Петрески да не ги злоупотребува инцидентите

Од:

Министерството за транспорт и врски испрати одговор на обвинувањето на градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески кој рече дека безбедноста во езерото е доведена во прашање зашто Охрид е оставен без капетан на капетанијата“.

„Ја информираме јавноста дека Капетанијата на пристаништа во Охрид функционира со полниот капацитет и континуирано во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи. Во тек е процесот за избор на капетан на Капетанија на пристаништа и веќе е завршено интервјуирање на големиот број кандидати.

Сакаме да потенцираме дека во езерскиот сообраќај беше наследена состојба која претставуваше хаварија како за бродарите така и за туристите, патниците и граѓаните на општината и токму заради регулирање на ова наследена ситуација која траела со години, направени беа неколкукратни промени во Законот за внатрешна пловидба во кој беа вградени и ЕУ директиви со кои беше регулирани безбедното пловење во езерскиот сообракај.

Заради несоодветното однесување на поединци во употребувањето на пловните објекти, кои возат скутери во непосредна близина на капалиштата на Охридското Езеро, Владата на Република Македонија со цел побезбедна туристичка сезона донесе ограничување на пловидбата на пловните објекти, за што следуваат санкции, односно изрекување на глоби во висина од 6.000 до 8.000 евра во денарска пртиввредност за домашни и странски правни лица и 800 – 2.000 евра за физички лица, како и мандатни казни од 600 евра на лице место.

Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 кЊ кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро, а е со времетраење од 20. јули до 20 август.

Ова ограничување на пловидбата на скутерите е согласно Одлука на Владата на Република Македонија, која е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и истата не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски, царински и полициски надзор.

Дополнително се разгледува потребата и можноста за проширување на оваа забрана за што дополнително ќе ја информираме јавноста.

Во текот на туристичката сезона се предвидени засилени контроли во однос на почитување на законските прописи и соодветните забрани.

Апелираме градоначалникот да престане да ги користи инцидентите кои се случуваат на територијата на неговата општина за добивање на ситни политички поени и наместо да претставува пасивен „критизер“ да се зафати со активно решавање на големиот број отворени прашања во оштина Охрид, кои не само што ги засегаат граѓаните на општината, туку и туристите кои го посетуваат овој наш град“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on