Хамас го повика либански Хезболах да се повлече од Сирија

Од:

Палестинското исламистичко движење Хамас повика либанската милитантна група Хезболах да ги повлече своите сили од Сирија каде се борат на страна на сирискиот претседател Башар ал-Асад и наместо тоа, да се фокусираат на борба против Израел.


Хамас ја контролира Газа, и во минатото беше сојузник со Асад, но од лани е против него.


– Го повикуваме Хезболах да ги повлече своите сили од Сирија и своето оружје да го насочи кон ционистичкиот непријател, наведе лидерот на Хамас Муса Абу Марзук, кој има седиште во Каиро.


Повикот упатен преку Фејсбук значи влошување на односите меѓу Хамас и Хезболах, два долгогодишни сојузника. Абу Марзук вели дека учеството на Хезболах во борбите во Сирија, поттикнува верски конфликт. Лидерот на Хезболах Саед Хасан Насрлах во петокот вети дека неговите борци ќе продолжат да се борат заедно со силите на Асад.

Би можело да ве интересира

Хамас: Никој не знае колку израелски заложници се уште се живи

Израел: Хамас го отфрли предлогот за примирје

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за поддршка на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа

Горан Наумовски

Хамас: Израел изврши страшен масакр, убија неколку заложници и 200 Палестинци

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on