Корисниците од улицата „Иван Козаров“ во Општина Кисела Вода, на потегот од Чешма до Економското училиште, утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација “ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри на улица „Иван Козаров“ ББ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите не завршат со активностите за поставување на водоводниот приклучок.