Во Софија четврти ден по ред големи протести пред парлементот и претседателската палата.
Тие бараат оставка на премиерот Пламен Орешарски, а протестите почнаа против именувањето на лице со криминално досие за директор на Националната сигурност Дељан Пеевски.
Демонстрантите пред зградата на владата во центарот на Софија, скандираат „Оставка, оставка“ и „Избори сега“.
Протестите продолжија и покрај тоа што бугарскиот премиер во саботата вети дека парламентот ќе го поништи изборот на Дељан Пеевски, кој е обвинет за корупција,како шеф на националната агенција за безбедност.