ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Заев овозможиле логистика за нарко – босови, а денес одговорноста ја префрлија на обични службеници

Од:

„Спасовски и Заев ја потценуваат интелигенцијата на народот и мислат дека ќе му продадат приказна, дека некој службеник од пасошко одделение ги познава нарко-босовите Пекер и Вукотиќ и може да им издаде пасош со друг идентитет, без за тоа да нема логистика од цела вертикала во МВР до Спасовски, а притоа за тоа да е информиран Зоран Заев.

Според информациите од билтен на МВР Седат Пекер бил протеран од Македонија на 19-ти јануари годинава, а четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Како Пекер кој бил протеран, дошол повторно во Македонија, каде и како ја поминал границата, и како е возможно да помине преку цело Скопје незабележан?

Не е возможно Пекер кој го гледавме на социјалните мрежи како низ Скопје се шеташе со 20 луѓе обезбедување, да помине низ Скопје, а МВР за тоа да не знае.

Иста е и ситуацијата и со Јован Вукотиќ. Кој поминал неколку граници со македонска патна исправа, а на сведочење во суд во Белград, кажал дека истиот го добил легално од МВР.

Кој и како ги договарал овие нарко – босови и колку чини македонскиот пасош продаден на криминални структури од Балканот и светот?

Што се правеле овие криминални структури со македонскиот идентитет и дали овие идентитети биле злоупотребени за убиства, перење на пари, и други кривични дела?

Истрага по закон трае максимум 18 месеци. Преку 40 месеци Оливер Спасовски не мрднал со прст за тоа како Вукотиќ добил македонски пасош за кој во Србија веќе одлежа затвор.

Спасовски и Заев се на врвот на аферата „Мафија“, тие овозможиле логистика за нарко – босови, а денес одговорноста ја префрлија на обични службеници. На тој начин тие признаваат дека се главните виновници“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски