Рама: Договориме уште 50.000 дози од руската вакцина „Спутник V“

Од:

Aлбанскиот премиер Еди Рама попладнево објави дека е постигнат уште еден договор во набавката на вакцини, овој пат за 50.000 дози од руската вакцина „Спутник В“.

Рама пишува дека во рок од 10 дена вакцините ќе бидат во Албанија. За шефот на владата, светлината на излезот од тунелот станува се поголема и поголема.

-Само што постигнавме договор да донесеме уште 50.000 дози вакцина Спутник во Албанија во рок од 10 дена. Ние ќе ја добиеме оваа војна со силата на нашиот карактер и упорност и наскоро ќе ја оставиме зад тунелот на пандемијата, каде што излезот кон светло брзо се наближува, напиша Рама.

Во меѓувреме во земјата епидемиолошката состојба се стабилизира, што според експертите од оваа област е последица на масовната вакцинација, но и рестриктивните мерки, посебно полицискиот час кој трае од 20:00 до 6 часот а е воведен од средината на ноември.

Според Министертвото за здравство, во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 264 лица од направените 2.092 теста што е 12,6 отсто од тестраните.Во исто време закрепнале 589, додека починале девет лица сите во болнички услови од 55 до 83- годишна возраст.

Во земјата продолжува масовната вакцинација и денеска се очекува бројот на имунизираните да надмине 200 илјади.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија