Не се знае дали ќе има целосно затворање за Велигден и Бајрам

Од:

Ако не се донесеше ограничувањето на работата на угостителите, но и ако не се продолжи полицискиот час, ќе требаше да се затвориме за Бајрам и Велигден. Ова го кажа заменик-министерот за здравство, Илир Хасани. Според него, овие мерки ќе треба да го намалат притисокот врз болниците. Тој повика да се почитуваат и да се празнува безбедно.

„Се наоѓаме во тешка општа состојба. Ние размисливме проактивно. Или ќе ограничиме пост или ќе се затвораме за Бајрам и Велигден. Ако не носиме одлуки, со сигурност ќе се затвориме за празниците. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека ќе ги поминеме празниците без ограничување. Сепак, граѓаните ќе мораат да внимаваат, бидејќи традиција е да одиме по домовите на старите луѓе, а за нив вирусот е најфатален. Овие мерки иако се непопуларни, се со цел да се намали притисокот врз болниците. Британскиот сој излезе дека е поопасен. Ние носиме ригорозни мерки за претстојните празници за граѓаните да ги поминат празнично и да бидат посветени на семејството и најблиските, а не да мислат на тоа дали некој член на семејството во тешка состојба во болниците. Се надеваме дека овие ефекти ќе бидат позитивни, од овие мерки. Да празнуваме безбедно, а тоа зависи од нас“, рече Хасани.

Инаку, од утре затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптеретеност на здравствениот систем. Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски