Пациентите не оздравуваат по 14. ден од заболувањето, а состојбата им се влошува од 12. до 14. ден

Од:

Капацитетите за лекување на коронавирус низ ковид-центрите и болниците се скоро целосно исполнети. Министерот Венко Филипче кажа дека лекувањето на пациентите трае подолго од претходните месеци, кога по 14=от ден, тие се сметаа за излечени. Најголем дел од влошувањето на здравјето се случувало од 12 до 14 ден од заразувањето.

„Сите дополнителни одделенија се скоро исполнети, има по неколку слободни места. Со системот на визити и испуштања се создаваат дополнителни места. Во функција е болницата во Козле која има кислород, има кадар и тука се хоспитализираат пациенти. Имаме една клиничка слика на болеста различна од претходната. Хоспитализацијата трае подолго, а за разлика од претходно кога по 14 дена пациентот во најголем број случаи се сметаше за излечен, сега има влошување и кај помладите пациенти во 12, 13, 14 ден со драстично влошување на белите дробови и крвта кој најчесто завршува лошо. Во однос на смртноста, таа е така висока насекаде во регионот“, кажа Филипче.

Според Филипче, состојбата можела да се влоши за време на претстојните празници и затоа мерките се заоструваат.

„Овие сегашни мерки ги стабилизираа бројките, за пикот се надевам нема да има измени, беше на 1 април, сега се намалува. Огромен е бројот на хоспитализирани пациенти. Сметаме дека празниците кои доаѓаат можат да ја комплицираат ситуацијата, не сакаме да дозволиме во периодот кој доаѓа да се оптерети здравствениот систем, кој тешко може да го изменаџираме, а епидемиолошката слика да стивне. Има намалување на инциденцата во споредба со претходно кај голем дел од граѓаните. Има градови каде е се уште висока, а тоа се: Куманово, Кичево, Битола и Тетово, а тоа е ризик за целосниот здравствен систем“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски