Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 699 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1720 и ковид центрите според Министерството за здравство има околу 230 празни болнички кревети.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле не бил примен нов болен, а 6 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1021 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 117 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 86 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Прилеп 136 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 22 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31 во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица.