Николоски: Потребно е власта да обезбеди вакцини за наставниот кадар

Од:

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Гевгелија посочи дека ќе оствари средба со просветните работници и укажа дека како што стојат работите најверојатно и од септември нема да започне учебната година и ќе имаме трета година по ред во која децата нема да одат во школо.

-Во таа насока сакам да искоментирам дека денеска ќе имаме средба со просветните работници тука од Гевгелија. Како што сега стојат работите најверојатно и од септември нема да се отворат училиштата и ќе имаме трета година во која што целосно или делумно децата не одат во школо и наставата ја следат од дома. Тоа се три изгубени генерации, тоа се три изгубени години затоа што не се создаваат соодветни работни навики кај децата, не се случува социјализацијата која е исклучително потребна баш во фазата на развој на децата и паѓа квалитетот на образование и на знаење, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски поради оваа проблематика повика веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар и да може од септември да се отворат училиштата.

-Повикуваме, апелираме веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар со цел да можат да се вакцинираат учителите, наставниците и професорите и да може од септември да се отворат училиштата затоа што само така може да имаме здрава нација, додаде Николоски.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски