А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 65 пациенти

by А1он04/04/2021 - 13:52147
Share0

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 65 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 4 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 10 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 43 оздравени пациенти, велат од Министерство за здравство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.

Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, соопштува Министерство за здравство.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се наведува во соопштението на МЗ.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео