ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија има на располагање ефикасен и конструктивен демократски механизам, а тоа е да ја употреби својата позиција да иницира легални решенија во рамки на законодавниот дом кои ќе бидат во насока на подобрување, на квалитетот на животот и благосостојбата на граѓаните, велат од Министерството за здравство.
ВМРО-ДПМНЕ не само што не го искористува овој механизам, туку покажа пракса на блокирање на антикризните мерки кои резултираа со доцнење на помош и друга финансиска помош на најпогодените во ковид пандемијата, исто како кога ВМРО ДПМНЕ го блокираше и процесот на изградба на модуларни инфективни одделенија за третман на ковид пациенти, велат од Министерството за здравство во писменото соопштение.
Министерството за здравство ги повикува ВМРО-ДПМНЕ да не шири невистини и лаги дека во болниците нема кислород и со тоа да ги одвраќа граѓаните да добијат бесплатен и квалитетен здравствен третман во јавно здравствените установи и да ги наведува да се задолжуваат, и да се лекуваат во приватни болници. Министерството за здравство го поздравува правото на мирен протест но го повикува ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти праската да организира јавни собири во време на пандемија, загрозувајќи го здравјето на граѓаните, се наведува во соопштението на МЗ.