72-годишен скопјанец е повреден во сообраќајната несреќа што утрово се случи на булеварот Илинден во центарот на Скопје.
Според информациите од полицијата, Ј.А. возејќи го својот велосипед бил удрен од автомобил „Aуди“ со скопски таблички што го управува А.Н. (39) од Битола.
Повредениот велосипедист веднаш по несреќа со повеќе повреди на телото е пренесен во Ургентниот центар.