Вашингтон, Токио и Сеул разговараа за денуклеаризација на Северна Кореја

Од:

Владата на американскиот претседател Џозеф Бајден изрази подготвеност да соработува со Јапонија и Јужна Кореја за прашањата за „денуклеаризација“ на Северна Кореја, во трилатерален разговор со пратениците на двете сојузнички земји.

Советникот на претседателот на САД за национална безбедност, Џејк Саливан вчера ги прими своите јапонски и јужнокорејски колега Шигеру Китамура и Суху Хуна во морнаричката академија во Анаполис близу Вашингтон.

Тројцата функционери „споделија загриженост за нуклеарните програми и балистичките ракети на Северна Кореја и ја потврдија подготвеноста за управување и решавање на овие прашања преку трилатерална соработка насочена кон денуклеаризација“, се вели во соопштението на Белата куќа по синоќешниот состанок.

Тие повикаа на спроведување на резолуциите на Советот за безбедност за забрана и казнување на ваквите програми.

– САД повторно ја потврдија својата цврста определба за сојуз со Република Кореја и Јапонија, додека двете азиски земји „ја истакнаа важноста на нивните билатерални односи“ по силните тензии меѓу Сеул и Токио во последните неколку години.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга ќе ја посети Белата куќа на 16 април и ќе биде првиот странски лидер кој лично ќе се сретне со претседателот Бајден, соопштија вчера американската и јапонската влада.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт