ВМРО-ДПМНЕ: 50 починати од Ковид, а Заев и Филипче се шетаат со хеликоптери

Од:

„330 луѓе починаа од Ковид-19 во Прилеп, и за ниту еден од нив не беше пуштен хеликоптер, што можеби би спасило ничиј живот, но затоа Заев и Филипче вчера летаа на државен трошок од Скопје до Прилеп.

Не беше пуштен хеликоптер ниту за 50 починати вчера, но затоа се пушта хечикоптер за Заев и Филипче.

Секојдневно во Македонија умираат луѓе од КОВИД 19 и се заразуваат и по 1.500 на ден, за ниту еден од нив не е пуштен хеликоптер, а сигурно меѓу нив имало животи кои можеле да бидат спасени, доколку тоа се направело“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Аздисаноста и одлепеноста од реалноста на власта немаат граница.

Заев за Прилеп леташе со хеликоптер за да не ги види и прилепските тутунари, чиј тутун се купуваше за стотина денари, чии фамилии плачат затоа што немаат што да јадат.

Заев леташе за да не се сретне ниту со поранешните вработени во Еурокомпозит, кои десет пати ги лаже.

Заев леташе со хеликоптер мислејќи дека ќе ја надлета реалноста. Ниту хеликоптерот, ниту розевите очила ќе го спасат од народот, кој секој ден ја живее болната реалност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО