Не се мешајте во Украина или ќе преземеме мерки, го предупреди Русија Западот

Од:

Официјален Кремљ денеска го предупреди Западот дека се противи на какво било воено мешање во Украина.

-Воениот ангажман на НАТО во корист на Киев ќе доведе до дополнителни мерки од руска страна со цел да се обезбеди безбедноста, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој повтори дека „Русија не претставува закана и никогаш не ни се заканила на никого“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја обвини Русија за акумулирање војници на заедничката граница, а Вашингтон ја предупреди Москва да не се обидува да и се „заканува“ на Украина.

Песков вчера изјави дека „Русија ги придвижува своите вооружени сили на своја територија како што нејзе и одговара“.

По долг прекин на огнот во текот на втората половина на 2020 година, од јануари годинава има зголемен број судири меѓу украинските сили и проруските бунтовници во источна Украина. Во последните судири загинаа 19 украински војници и двете завојувани страни меѓусебно се обвинуваат за ескалација на тензиите.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели