Чувствувате ли вкочанетост и болки во вратот? Колку често ви се случува тоа? Таквата болка не мора да значи ништо опасно, но постојат ситуации во кои тоа не треба целосно да се запостави.
Болките во вратот се честа појава на која се жалат многу луѓе. Најчести виновници за овие проблеми се лошиот избор на перница, премногу долго седење, слаба физичка активност, неправилно држење на телото.
Накратко, одговорен е современиот начин на живот во комбинација со се поголемиот стрес.
Меѓутоа, не се само овие околности одговорни за болките во вратот. И годините играат важна улога.
Со истражувања е утврдено дека болките во вратот често се јавуваат по 35-тата година од животот. За лошата состојба придонесува и вишкот на килограми, конзумирање алкохол и цигари, нездравата исхрана и лошиот квалитет на столицата на која седиме, особено на работа.
Истражувањата, исто така покажуваат дека проблеми со болки во вратот почесто имаат жените отколкумажите. Кога станува збор за болки во вратот, прво повремено се јавува незгодно чувство во вратот и горниот дел на грбот. Со тек на време тоа минува во болка која не може да се запостави.
Студот, влагата, промената на притисокот, како и провевот можат да ја влошат ситуацијата, но тие не се причина за проблемот, иако многумина така мислат.