Пијанистот Дино Имери вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар концертно ќе го промовира албумот „Рефлексии“, негово прво објавено авторско дело.
– Неговиот труд и посветеност резултираат со постојан развој, па оттука и здравата амбиција за пишување сопствена музика. „Рефлексии“ веднаш плени со кротка флуидност и паметна убавина. Медитативна потрага по сопствен израз, познати и непознати улици и сето тоа без претерана дистанца, отворен за комуникација со слушателот. Преку ова издание за ПМГЏЕЗ, сведочиме за неговата трансформација од фантастичен изведувач во извонредно потентен композитор, наведува МКЦ во најавата за концертот на Имери, кого публиката редовно може да го следи на репертоарот на Филхармонијата, а гостува и на сцени во странство.
Концертот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот и со намален број посетители, за кои влезот во МКЦ ќе биде отоврен половина час порано, односно од 19.30.