„Индијанците“ од Кливленд им забранија на своите навивачи да се маскираат во Индијанци

Од:

Кливленд, 1 април 2021 (МИА) – Американскиот безбол клуб „Кливленд Индијанс“ ги извести своите навивачите дека веќе нема да им биде дозволено да се маскираат во Индијанци како дел од клупската стратегија за борба против расизмот.

Клубот соопшти дека навивачите кои нема да ја почитуваат новата одлука ризикуваат да бидат исфрлени од стадионот.

– Какви и да е непристојни или навредливи слики, зборови, гардероба или бои на лицето мораат да се покријат или отстранат, објави клубот на својот официјален сајт.

Кливленд на почетокот на идната недела го игра првиот натпревар на домашен терен во новата сезоната во американската безбол лига (MLB) против тимот на Канзас Сити Ројалс.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија