Бајден ќе ги укине санкциите против Меѓународниот кривичен суд што ги воведе Трамп

Од:

Американските власти ја разгледуваат можноста за укинување на санкциите против Меѓународниот кривичен суд (МКС), наметнати од претходната администрација, објави Форин полиси.

Извори за изданието укажуваат дека официјално соопштение за ова може да биде објавено неделава.

Поранешниот претседател Доналд Трамп во јуни 2020 година потпиша претседателски указ со кој се одобруваат економски санкции против членови на МКС . На тоа претходеше изјава дека судот има намера да спроведе истрага за можни злосторства извршени од американски војници во Авганистан. САД тогаш тоа го означија како „посегнување по правата на американскиот народ што е закана за нашиот национален суверенитет“. САД тогаш истакнаа дека „не се согласуваат со надлежностите на МКС“. Се истакнуваше дека истрагите се политички мотивирани, дека Русија влијала на активностите на судот и дека постои корупција на високо ниво.

Како што е познато, САД не го ратификуваа договорот од 1998 година за создавање на МКС.

Според Форин полиси, на можната одлука за укинување на санкциите од страна на администраицјата на Џо Бајден претходел период од неколку месеци на притисок од страна на организациите за заштита на човековите права и од европските влади.

Во февруари, повеќе од 80 организации во областа на човековите права, вероисповед и наука испратија отворено писмо до администрацијата на Бајден во кое побараа укинување на санкциите, кои, според нивно мислење, се „предавство на наследството на САД во создавање на институции за меѓународно право“.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски