Руската затворска служба му одговори на Навални: Правилата се исти за сите

Од:

Руската затворска служба денеска го бранеше своето однесување кон Алексеј Навални, отфрлајќи ги неговите поплаки дека во затворот не ја добивал потребната медицинска помош и дека не му било дозволено да спие.

Навални, еден од најистакнатите критичари на претседателот Владимир Путин, вчера почна штрајк со глад за да ја принуди затворската служба да му пружи медицинска нега за акутните болки во грбот и нозете. Опозицискиот политичар минатата недела кажа дека чуварите ноќе го буделе на секој час и дека ги игнорирале неговите апели за медицинска нега. Западот бара тој да биде ослободен.

Локалната затворска служба во регионот Владимирово, каде се наоѓа и затворската зграда ИК-2 во која се наоѓа Навални, за британските медиуми соопшти дека затворските мерки се спроведуваат строго по законот и важат за сите подеднакво.

„Чуварите во казнено-поправните установи строго го почитуваат правото на сите затвореници на осум часа непрекинат сон“, соопштија од затворот, додавајќи дека чуварите мора да патролираат и да ги проверуваат затворениците ноќе.

„Овие мерки не го нарушуваат одморот на осуденикот. На Навални му е обезбедена сета неопходна медицинска нега во согласност со неговата моментална здравствена состојба“, нагласуваат оттаму.

Во рачно напишаното писмо до управникот на затворот Навални напиша дека биле игнорирани сите негови секодневни барања за лекар по негов избор и соодветен лек.

Доктор Алексеј Баринов за британските медиуми изјави дека адвокатите на Навални го повикале да го лекува осуденикот и побарале од затворската служба да му дозволи да влезе во затворот или да го пушти Навални да оди на клиника.

-Ја чекаме одлуката на затворската служба, рече Баринов и додаде дека е подготвен да замине.

Медицинските експерти во неделата објавија отворено писмо во кое бараат Навални да добие соодветна медицинска нега.

Би можело да ве интересира

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина