Дамаск: Во експлозија на автомобил бомба убиени и ранети 20 сириски војнции

Од:

Над 20 војници беа убиени или ранети во атентат со автомобил бомба, што експлодира синоќа на контролен пункт на воен аеродром во квартот Меззе во Дамаск, каде се сместени неколку амбасади, соопштија светските агенции.

Аеродромот во квартот Меззе главно го користат високи претставници на режимот на претседателот Башар ал Асад, како елитната Републиканска армија, специјалните единици и военовоздушното разузнавање.

-Најмалку 20 војници беа ранети. Има и убиени, но нивниот број не се знае, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, лоциран во Лондон.

„Овој аеродром е важен исто толкуколку што е важен и меѓународниот аеродром во Дамаск. Тој е користен и од самиот Башар ал Асад за неговите патувања“, прецизира директорот на невладината организација Рами Абдел Рахман.

Аердромот е чуван од страшната Четврта армиска дивизија, која за задача го има обезбедувањето на Дамаск и неговата околина и е командувана од братот на претседателот, Махер ал Асад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија