Германската канцеларка Ангела Меркел ја изрази својата поддршка за реформите преземени од грчкиот премиер Андонис Самарас и го поттикна да продолжи, се наведува во соопштението од германската Влада.
Меркел денеска попладне телефонски разговарала со Самарас. Таа ја поддржала јасната политика на реформите на грчката Влада.
– Грција веќе постигна чувствителен напредок и денес е во далеку подобра ситуација во многу работи во споредба од пред неколку месеци, истакнала Меркел.
Претходно денеска Самарас нагласи дека грчката Влада не планира да се откаже од одлуката за затворање на државната радио и телевизија ЕРТ.