КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Од:

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија информира дека  вршејќи ја својата надзорна функција утврди дека одреден временски период на граѓаните и на правните лица им се нудат нелиценцирани финансиски услуги за тргување во странство од страна на посредници кои немаат добиено дозвола за вршење на такви услуги.

Во соопштението наведуваат дека Finance Group One https://financegroupone.com/ е  назив кое правното лице го користи за контакт при нудење на овие услуги во земјава, а нема дозвола од КХВ да нуди услуги за инвестирање во странство на македонски резиденти .

КХВ ја предупредува јавноста дека ваквите активности се забранети со член 96 од Законот за хартии од вредност, според кој услуги со хартии од вредност можат да вршат само правните лица кои добиле дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

Дополнително додаваат дека Комисијата има сознанија дека се нудат услуги за инвестирање надвор од државата преку бугарски правни субјекти преку  GRAND EASTERN MARKET (Гранд Истърн Маркет“ ЕООД, ЕИК 206099297), · GRAND SPOT MARKET („Гранд Спот Маркет“ ЕООД ЕИК: 206103621), MARKET PROGRESS (Маркет Прогрес ЕООД ЕИК 206229125) ,  ALTERNATIVA BG (Алтернатива БГ“ ЕООД (преименувано на „Булион Ваулт ЕЕ“), ЕИК 2053260185), GRAND RESEARCH (ГРАНД РИСЪРЧ“ ЕООД ЕИК 206027740 (преименувано на „Пост Гранд Рисърч ЕООД“)) и FIN ENGINEERING INCOME („ФИН ИНЖИНЕРИНГ ИНКЪМ“ ЕООД, ЕИК 206058610 (преименувана на „Пост Фин Инжинеринг Инкъм“ ЕООД).

-За горенаведените, појаснуваат од Комисијат за хартии од вредност,  бугарскиот надлежен орган исто така нема дадено дозвола за работа, односно на веб страната https://www.fsc.bg/en/news/list-of-the-non-licensed-investment-intermediaries-by-fsc-10246.html ги има претставено како субјекти кои нудат нелиценцирани услуги во Република Бугарија.

Комисијата за хартии од вредност ги повикува и сегашните и потенцијалните инвеститори пред да носат одлуки за инвестирање детално да се информираат за ризиците и за легитимноста на правните и на физичките лица кои им нудат услуги, односно да проверат дали тие се лиценцирани субјекти за тоа во Северна Македонија или пак во државата од која доаѓаат. Сите регулаторни органи, вклучително и Комисијата за хартии од вредност, посочуваат, на своите веб страници имаат регистри на лиценцирани правни субјекти кои можат да нудат услуги на инвеститори.

КХВ напоменува дека инвестирањето преку нелиценцирани правни лица претставува забрането дејствие кое како противзаконита активност подразбира сериозна закана со исклучително висок ризик, инвестираните средства никогаш да не им бидат вратени на лицата, бидејќи меѓу другото нема и регулаторни механизми за заштита.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска

КХВ ја вклучува младата популација да даде свој придонес за развој на пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска