ВИДЕО: Грција на 14 мај ја отвора границата за Македонци, влез со ПЦР или потврда за вакцинација

Од:

На 14 мај Грција ќе ја отвори границата за влез на македонски државјани, извести денес министерот за здравство Венко Филипче. Утрово имал разговор со грчкиот министер за туризам Харис Теохарис на кој ги договарале деталите за отворање на границата.

„Ме извести дека двата гранични премина, Евзони и Дојран, ќе бидат отворени на 14 мај за македонските граѓани, но ќе биде задолжителна потврда за вакцинација или негативен тест“, рече министерот Филипче.

Тој утрово зел обврска дополнително да ја извести грчката страна како ќе изгледаат нашите сертификати за примена вакцина и да достави листа на лаборатории кои издаваат тестови.

Министерот Филипче нагласи дека очекувањата се да се отвори границата доколку не се случи нешто што би ја влошило сегашната состојба.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски