Полицајци од Капитол Хил го тужат Трамп за немирите на 6 јануари

Од:

Двајца полицајци од Капитол Хил, кои се повредени во немирите на 6 јануари, го тужат поранешниот претседател Доналд Трамп за поттикнување толпа да го нападне Конгресот на САД.

Полицајците се жалат на физичко и емоционално страдање, што според нив е резултат на насилството предизвикано од Трамп. Џејмс Бласингем и Сидни Хемби, кои се 28 години во полициската служба, велат дека биле повредени во немирите. Секој од нив бара отштета од најмалку 75.000 долари. Тие го обвинуваат Трамп за помагање и поддршка на нападот.

Трамп не одговори на тужбата поднесена против него пред федералниот суд во Вашингтон.

Ова е трета голема граѓанска тужба против Трамп за одговорност за нападот, откако претходно двајца демократски пратеника покренаа тужба против поранешниот американски лидер и други лица.

Би можело да ве интересира

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности