Чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг и претседател на партијата ТОП 09, бил испрашуван од полицијата во врска со корупциската афера во која учествуваа тројца пратеници на владејачката коалиција, а која беше откриена деновиве.
Како што јави дописникот на МИА, тројцата поранешни пратеници, членови на Граѓанската демократска партија (ОДС), Петр Тлухор, Иван Фукса и Марек Шнајдер се обвинети дека барале противуслуга кога се откажаа од нивните мандати откако не сакаа да гласаат за важни владини закони.
Тие се во притвор и се осомничени за поткуп, односно за стекнување на економска корист во замена за пратеничкиот мандат, во што е вмешана и најблиската соработничка на премиерот Петр Нечас, Јана Нагиова.
Шварценберг. претходно, призна дека владината коалиција била уценувана од тројцата „бунтовници“ на ОДС и дека за откажувањето од пратеничките места морале да им обезбедат функции во државни фирми. Во врска со ова Нечас изјави дека тоа било повеќегодишна пракса и самиот тој смета дека не преставува кривично дело.