Во Скопје за 20 дена казнети 55 луѓе кои се движеле за време на полициски час

Од:

Полицијата соопшти дека поднела 48 кривични пријави за 20 дена на подрачјето на Скопје за непочитување на забраната за движење, како и дополнителни 19 пријави за групирања.

„Секторот за внатрешни работи Скопје преку своите надлежни организациски единици до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе вкупно 48 кривични пријави и две известувања против 55 лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле 55 кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од 10.03.2021 до 29.03.2021 година тие се движеле без дозвола за движење за време на забраната за движење од 22.00 до 05.00 часот,“ се вели во сооптшението од МВР.

Воедно, за констатирани групирања на лица на јавно место или на домашни прослави, спротивно на донесените мерки, како и групирање во угостителски објекти или задржување во нив по работното време, спротивно на воспоставените протоколи, а кои се констатирани во првото тромесечје од 2021 година, заклучно со 29.03.2021 до Основното јавно обвинителство во Скопје се доставени и вкупно 19 кривични пријави против 45 физички и едно правно лице.

СВР Скопје апелира до граѓаните да се придржуваат до забраните за движење и да ги почитувааат мерките и протоколите донесени од Владата за заштита од ковид-19.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче