Обвинение за едно лице за учество во протестите за „Монструм“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, започнале да дејствуваат кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети. Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар. Во протестите обвинетиот учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, за кое се уште постои опасност да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​​

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје