Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, болничките ковид капацитети зголемени за 50 отсто

Од:

Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на 6 до 8 недела од третиот бран. Болничките капацитети за прием на ковид пацинети се зголемени за 50 отсто во однос на ноември, а зголемена е и потребата од хоспитализација. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на КОВИД болни.

Ова е заклучокот од денешната координација на министерот за здравство, Венко Филипче со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести околу епидемиолошката состојба во земјава.

Според епидемилозите, вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, а во сите болници низ земјата има слободни кревети.

-Доставата на терапијата оди тековно и нема застој. Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети, наведува Министрството.

Ситуацијата и натаму ќе се следи и според тоа, ако е потребно, соодветно ќе се дејствува, а членовите на Комисијата за заразни болести кои се во секојдневна координација и комуникација, во текот на неделата ќе одржат состанок.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски