Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 74 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 666 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни, а 10 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести, информира Министерство за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 149 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки.
Вкупно 666 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаа довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерство за здравство.