Лефков: Доколку Филипче продолжи да бега ќе се потврди тезата дека одредени владини функционери се вакцинирани преку ред

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш декласификација на вакцинираните лица. Од партијата велат дека се сомневаат оти има вакцинирани преку ред.

„Министерот Филипче продолжува да фрла сомнеж дека има вакцинирани преку ред. Доколку Филипче продолжи да бега и не ја објавува листата на вакцинирани само ќе се потврдат тезите објавени во медиумите дека одредени владини функционери се вакцинирани преку ред. Филипче ја крие листата на вакцинирани. Кого штити Филипче? Кого крие Филипче? Дали постојат уште случаи како тој со вакцинацијата на секретарот на болницата во Струга, па Филипче ги крие или пак вакцинирани се високи владини функционери или нивни фамилии“, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој додаде дека со секој поминат ден без да ги објави податоците Филипче фрла сомнеж дека има вакцинација преку ред.

„Со молчењето Филипче само за кратко ја штити својата фотеља, но ја загрозува цела Македонија“, вели Лефков.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО