Проширена истрагата за марихуана пронајдена во камион на ГП „Богородица“

Од:

Основното овинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено призводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, по претходен договор и заедно со уште едно лице за кое веќе се води постапка, со непознато лице од Косово се договориле неовластено заради продажба да пренесат наркотична дрога марихуана во Турција, се вели во соопштението од ОЈО.

За таа цел, осомничениот искористил товарно моторно возило – влекач и приколка со скопски регистарски таблици, сопственост на едно правно лице. Потоа, со возилото двајцата отишле во Приштина каде на 4 март возилото било натоварено со легална рециклирана отпадна хартија која требала да се извезе за Република Турција.

– На 5 март со возилото преминале во Република Северна Македонија и на точно неутврдена локација ја натовариле во камионот и наркотичната дрога – марихуана со вкупно количество од 390.378,8 грама, спакувана во 516 полиетиленски пакувања. На 6 март, лицето за кое претходно беше поведена постапка тргнало да ја пренесе дрогата преку Граничниот премин „Богородица“, со крајна дестинација – Република Турција. Овластени службени лица ја пронашле марихуаната во возилото непосредно пред граничниот премин, стои во соопштението од ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за притвор и за лицето за кое беше проширена постапката.

Од ОЈО информираат дека на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена, а од 7 март, по предлог на јавниот обвинител, првиот осомничен за истото кривично дело веќе се наоѓа во притвор.​​

Би можело да ве интересира

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки

Полициски претреси во Скопје и Куманово, запленета е голема количина на амфетамин, уапсени се неколку лица

Горан Наумовски

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

(ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на фирма во Зелениково

„Њујорк тајмс“: Маск се дрогирал многу повеќе отколку што претходно се знаеше

Горан Наумовски

Европол: Запленети 780 килограми кокаин, уапсени 14 лица во три земји

А1он