ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се удави во лаги, луѓе умираат, нема болнички кревети, оставка е неизбежна

Од:

„Одликата на владењето на Филипче е јасна, ја направи Македонија гробница, ама време за своите зделки, за тендери, провизии има.

Па така, додека Македонија бележи црни рекорди, Филипче вели се е под контрола.

Се било под контрола, а се моли за болнички кревет, ако има и кислородна поддршка за пациентот тоа е веќе бинго“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„А ја нема ни основната алатка за борба против корона, ама како и би ја имало кога Филипче наместо да трча да набави вакцини, вози мотори се релаксира.

Време на пандемија, трет бран, претстои пик на истиот, ама зошто тој би работел кога може да се релаксира. И секако, лажењето не го заборава.

Само се појавува во јавност со нова лага, и најавува нови термини за вакцини, за старт на вакцинација, за масовна вакцинација, а кои никако да се реализираат.

Зборот на Филипче не вреди. Не сака да каже и кој се е вакциниран, а зошто, ако се е чисто и ако навистина не се вакцинирале функцинонери?!

Зборот на Филипче и на сите други од Владата не поминува. Единствено нешто што треба да стори е да даде оставка, и секако да одговара!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски