За разлика од Трамп, Бајден нема намера да се среќава со Ким Џонг-ун

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден нема намера да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

На прашањето дали дипломатскиот пристап на Бајден кон Северна Кореја би вклучувал и седнување на маса со Ким, како што тоа го стори неговиот претходник, претседателот Доналд Трамп, Псаки одговори: „Мислам дека овојпат пристапот ќе биде малку поразличен и тоа не е неговата намера“.

На првата прес-конференција во Белата куќа откако ја презеде функцијата, Бајден кажа дека неговото главно надворешно-политичко прашање е Северна Кореја. Тој притоа кажа дека е подготвен за некаков вид дипломатија со оваа земја, но и дека таа мора да биде условена од резултатот со денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Пјонгјанг сака САД и другите земји да ги олеснат економските санкции воведени врз земјата поради нејзината програма за развој на нуклеарно оружје. Претставниците на новата американска администрација изјавија дека се обиделе да воспостават дипломатски контакт со Северна Кореја, но оттаму не добиле одговор.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел