Средба на Камерон и Путин во Лондон за ситуацијата во Сирија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и рускиот претседател Владимир Путин се срекаваат денеска во Лондон, пред двајцата да се префрлат во Северна Ирска, за учество на самитот Г8, чиј домакин годинава е Велика Британија.

Главна тема на средбата Камерон-Путин е ситуацијата во и околу Сирија. Двајцата политички лидери имаат сосема различни ставови за сирискиот конфликт, затоа што британскиот премиер од почетокот инсистира на смена на актуелниот претседател Башар ал Асад, додека рускиот претседател е против методите на насилно менување, па разликите околу Сирија уште повеќе придонесуваат за одржување на студенилото во британско руски односи.

Аналитичарите во Лондон веруваат дека единствено нешто за што Камерон и Путин би можеле да се согласат на оваа лондонска средба е она за што нема разногласие, а тоа е потребата за мирна транзиција во Сирија, како и оддржување мировна конференција во Женева.

Но, судбината на конференцијата станува се понеизвесна, по одлуката на ЕУ да се симне ембаргото за оружје за сириските бунтовници, донесена под притисок на официјален Лондон, како и минатонеделната одлука на САД да им доставуваат оружје на бунтовничките сили.

Британците и Американците, на чија страна е и Франција, тврдат дека Асад ја „преминал црвената линија„ со употребата на хемиско оружје против бунтовниците, како и дека вооружувањето на силите кои се борат против сирискиот претседател ќе го натера Асад да прифати мирно, а не воено решение за конфликтот.

Русија и претседателот Путин не веруваат во западните тврдења за употреба на хемиското оружје, а во Лондон се очекува Москва сега да ги реализира ветувањата дека на сириската армија ќе и испорача софистициран систем за противвоздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски