МНР: Царинската управа одговори за случајот со книгите од Бугарија и со тоа е одговорено на сите прашања

Од:

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека дипломатската коресподенција со официјална Софија се одвива редовно и без никакви препреки.

Бугарската Амбасада во Скопје испратила протестна нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, поради, како што соопшти бугарското МНР, одлуката на царинските власти на граничниот премин „Деве Баир“ да не дозволат влез во земјава на 920 книги за Бугарскиот културно-информативен центар во земјава.

Од МНР нагласуваат дека на прашањето за конкретниот случај официјално соопштение имаше Царинската управа како надлежна институција и сметаат дека со тоа соодветно е одговорено на сите прашања.

-Како што повеќепати најавивме, Министерството за надворешни работи ќе се воздржи од коментари на јавните настапи во соседството, задржувајќи ја со тоа институцијата и земјава надвор од тековната изборна атмосфера, посочуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека