Еурофарм Пелистер без тренерот Бабиќ на гостувањето во Магдебург

Од:

Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека при последното тестирање на Ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот.

– Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески. Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп) и Татран Прешов (СЕХА лига). Клубот му посакува брзо оздравување и враќање на работното место, стои во соопштението на битолскиот ракометен суперлигаш.

Исто така известени се и претставниците на Вардар 1961, со кои Еурофарм Пелистер во саботата играше натпреварот од плеј-офот на Суперлигата.

Реванш натпреварот од осминафиналето во ЕХФ купот Магдебург – Еурофарм Пелистер (32:24 прв меч) ќе се игра утре со почеток во 18 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Шпанецот Раул Алонсо нов тренер на Еурофарм Пелистер

А1он

Еурофарм Пелистер првпат славеше во ракометната ЛШ

А1он

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски