Влада: Лажна вест се информациите дека има некакво вакцинирање на министри

Од:

Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата, објави на официјалниот Твитер профилот Портпаролот на Владата.

– Ова е лажна вест, објави на Твитер Портпаролот на Владата, споделувајќи фотографија од објава на Антонио Милошоски на Фејсбук дека министрите Царовска, Груби и Маричиќ преку ред добиле ВИП вакцинација.

Милошоски повикувајќи се на медиуми во Албанија на својот Фејсбук профил објави дека тројцата министри преку ред се вакцинирале, а дел од порталите претходно повикувајќи се „Њус 1“ од Албанија објавија дека дел од македонските министри веќе се вакцинирале.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски