Програмите на Агенцијата за национална безбедност на САД помогнале во спречување на терористички напади во над 20 земји

Од:

Благодарение на сведоштвата собрани преку двете спорни програми за собирање на податоци на Агенцијата за национална безбедност на САД, осуетени се терористички напади во повеќе од 20 други земји, соопштија високи претставници на американското разузнавање, цитирани од американските медиуми.

Во новата информација со симната тајност, што вчера му беше доставена на Конгресот и соопштена од Сенатската комисија за разузнавање, не се соопштуваат детали за терористичките заговори или за земјите против кои биле насочени.

Високи припадници на разузнавањето посочуваат дека минатата година биле проверени помалку од 300 телефонски броеви во база на податоци од милиони американски телефонски разговори, собирани секојдневно од АНС.

Согласно програмата, записите на разговорите можат да бидат проверувани само при претпоставка за врски со тероризам.

Познати станаа и други факти: дека судот FISA (Foreign Intelligence Surveillance Act /FISA/ Court) ги преразгледува двете програми за собирање на податоци на секои 90 дена, а собраните податоци треба да се уништуваат на секои пет години.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел