ВМРО-ДПМНЕ: Три дена молк од Спасовски за картелот „Планина“ е само потврда дека оваа власт е во служба на криминалното подземје

Од:

„Пендаровски посочи дека лично не се познавал со луѓето со кои се фотографирал стоечки, со што јасно објасни која е разликата во случајна средба и седење на софри со криминалците и бегалците од правдата. Ова предочување е префрлање на топката кај Спасовски и Заев кои бегаат од јавноста, за да не одговорат што договараа на средбите со нарко босовите од Грчец и Арачиново.

По обелоденетите фотографии нема човек во Македонија кој не се прашува кој е поголем криминалец, нарко босовите или владините функционери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повторно го прозиваме јавно Спасовски и Заев да и кажат на македонската јавност дали лично се познаваат со нарко босовите со кои се фотографираат во слободно време?

Блискоста на власта со мафијата укажува на тоа дека функционерите на СДСМ немаат никаква намера да го решаваат криминалот во земјава туку да ги зголемуваат криминалните дејствувања, договарајќи бизниси со нив.

Го најде ли кртот во МВР Спасовски или тој лично се погрижил криминалците да бидат известени за акцијата?

Власта која знае за 100 грама дрога да прави циркуси во фалење по медиуми, сега молчи затоа што е виновна, колку е молкот од Спасовски поголем, толку повеќе станува јасно дека само криминалците се заштитени како бели мечки во овој режим со кој раководи Заев“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски