Притисокот на ковид центрите е се поголем, на лекување се 1545 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 657 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1545. Според Министерството за здравство во ковид центрите во земјава има околу 238 празни болнички кревети. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 887 пациенти.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 27 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и осум биле примени на Инфективната клиника. Во Козле и на Клиниката за детски болести не биле примени нови болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 135 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца „Козле“ има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 18 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 141 пациент.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 81 пациенти, во Кочани и во Кичево по 28, Кавадарци 73, а во Гевгелија 27 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски